3 јули, 2025
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen го покажа новото Caddy (фото)

Volkswagen го покажа новото Caddy (фото)

caddy

Популарниот функционален модел „Volkswagen Caddy“ помина низ темелна модернизација. Автомобилот добил нови мотори, модернизиран екстериер и надграден ентериер.

Што се однесува до надворешноста, од „Volkswagen“ се заложиле на својот најнов дизајн, слично на последните генерации на „Passat“ и „Golf“, а сепак ги зачуваа познатите форми и пропорции на моделот. Најголемите разлики во предниот дел влијаат на решетката на ладилникот и светлата. Слична е и ситуацијата одзади.

caddy3

Во поголеми размери се промените во внатрешноста. Таму гледаме нови инструменти, нови апарати, нова централна конзола и нов тапацир на вратите. Впечаток исто така остава и воланот со рамно дно и деталите обоени во боја на екстериерот.

caddy1

Под хаубата на „Caddy“ веќе се ставаат мотори во согласност со стандардот „Евро6“. Новина е 1.0-литарскиот „TSI“ бензински мотор со три цилиндри и 102 кѕ. Палетата продолжува со познатите 1.2-литарски „TSI“ со 84 кѕ и 1.4-литарски „TSI“ со 125 кѕ. Во понудата има и четири дизел верзии кои се нудат со моќност меѓу 75 и 150 кѕ. Пренос е рачен или автоматски „DSG“.

caddy2

Меѓу системите присустни се адаптивен автопилот, автоматски паркинг пилот за нормално и паралелно паркирање, технологија која препознава заморот кај возачот и друго.

Четвртата генерација на „Caddy“ ќе се појави на европските пазари во почетокот на летото. Според првите информации, цените во Германија почнуваат од 14.785 евра.

caddy4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар