19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија: Лоша банка за лоши кредити

Италија: Лоша банка за лоши кредити

italija(1)4455652232

Италијанските функционери работат на основање на „Лоша банка“ за да им помогнат на италијанските кредитори да се ослободат од ненаплатливите кредити, пишува италијанскиот весник „Messaggero“.

Овој проект, на кој работи италијанската Влада, Централната банка на Италија и Министерството за финансии, има за цел да им помогне на банките да го намалат големиот удел на ненаплатливите кредити во своите кредитни портфолија, чија вкупна вредност во ноември изнесуваше 181 милијарди евра, пренесува агенцијата Франс прес.

Со наведениот план, под називот, „Нов кредит за раст“, предвидено е државата да го преземе малцинскиот удел од 49 проценти во „Лошата банка“ или мнозинскиот удел од 81 процент, додека Централната банка на Италија и приватните инвеститори, исто така, ќе бидат меѓу акционерите на „Лоша банка“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП