17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРезултатите на Hugo Boss за 2014 се под очекуваните

Резултатите на Hugo Boss за 2014 се под очекуваните

Hugo-Boss-004

Германскиот производител на луксузна облека „Hugo Boss“ во минатата година забележа полоши резултати од очекуваните, што од компанијата го објаснија со намалената потрошувачка на домаќинствата и вонредните трошоци поврзани со реконструкцијата на дистрибутивната мрежа на Блискиот Исток.

Оперативниот профит на „Hugo Boss“ за 2014 година, според прелиминарните податоци, е зголемен за само 1,0 проценти, на 437 милиони евра, додека аналитичарите просечно предвидуваа 470 милиони евра профит, пренесува Ројтерс.

Истовремено, годишниот приход е зголемен за 6,0 проценти, на 2,57 милијарди евра, што е нешто помалку од консензусот на аналитичарите (2,59 милијарди евра).

Во соопштението се додава дека компанијата преземала целосна контрола над продажните објекти во Кина, Јужна Кореја и на Блискиот Исток, во рамките на планот за зајакнување на сопствената мрежа за дистрибуција на пазарите во земјите во развој.

Конечните годишни резултати на „Hugo Boss“ ќе бидат објавени на 12. март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП