11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаруфакис верува дека Берлин ќе покаже солидарност за грчкиот долг

Варуфакис верува дека Берлин ќе покаже солидарност за грчкиот долг

Yanis Varoufakis

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис синоќа, во пресрет на денешната средбата со германскиот колега Волфганг Шојбле, изјави дека верува дека Берлин „ќе покаже солидарност“ при решавањето на прашањето на грчкиот долг.

Во разговор за германската телевизија АРД, на прашањето што очекува од ЕУ, Варуфакис кажа дека Грција само бара да не биде изложена на притисок со тоа што ќе и се даде ултиматум.

Дајте ни време до крајот на мај, до почетокот на летото, за да можеме да ги изнесеме нашите сугестии за решавањето на проблемот и да разговараме за тоа со нашите партнери, рече тој, додавајќи дека тогаш Грција и Европа можат да постигнат нови договори, пренесуваат британските медиуми.

Сигурен сум дека министерот Шојбле, канцеларката Меркел и сите во Германија ќе покажат солидарност, рече Варуфакис.

Грчкиот министер за финансии претходно вчера во Франкфурт се сретна со претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги, и изјави дека разговорот бил „продуктивен и охрабрувачки“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП