20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија бара Ципрас да се откаже од дадените ветувања

Германија бара Ципрас да се откаже од дадените ветувања

merkel cipras 53

Официјален Берлин очекува новата грчка Влада да ги преразгледа ветувањата против мерките за штедење дадени на првите владини седници и да ги усогласи со економските политики на кои се обврза претходниот владин Кабинет пред меѓународните кредитори.

Ова, како што јави дописникот на МИА од Берлин, стои во документ подготвен за утрешниот состанок на еврозоната, на кој треба да се разговара за одговорот на грчките барања за отпис или реструктуирање на долгот.

Во документот се вели дека Атина не смее да се откаже од мерките за штедење и направените реформи, ако сака да ја врати довербата на пазарите.

Позицијата на Берлин може да се толкува како силен удар за грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој веќе најави дека ќе ја зголеми минималната плата, ќе ја запре приватизацијата на спорните јавни компании, ќе го врати бонусот за Божик и дека ќе ги врати на работа сите отпуштени работници од админстрацијата.

Доколку грчкиот премиер го прифати барањето на Берлин, ќе ја загуби довербата кај гласачите кои го избраа на бранот ветувањња за прекин на мерките за штедење, но доколку ја одбие Меркел ќе се соочи со излез од еврозоната.

Дополнителен удар за него е што документот на германската Влада предвидува „тројката“ да продолжи со мониторинг на грчките трошоци и финансиска политика.

Предходно министерот за финансии на Грција, Јанис Варуфакис порача дека Атина ја прекинува соработката со „тројката“, а дел од европските лидери, меѓу кои и претседателот на Европската комисија Жан­Клод Јункер, не ја отфрлија оваа идеја на Атина.

Германија дополнително бара грчката Влада да го намали бројот на вработени во јавната администрација за 150 илјади.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП