6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрај за Mazda 5?

Крај за Mazda 5?

petka t0

„Mazda“ ќе заврши со производството на својот мини-ван, дознава британски „Autocar“. Според пишувањето на овој авто-магазин, јапонскиот производител засега не планира наследник на „петката“.

„Mazda“ во последните 4 години целосно ја обнови гамата на своите модели кои се достапни на европскиот пазар, а понудата е дополнета со два нови „SUV“ модели.

Кога во продажните салони пристигна четвртата генерација на „Mazdа MX-5“ и новиот модел „CX-3“, единственото преостанато возило од претходната генерација ќе биде „Mazda5“.

Меѓутоа, како што пишува „Autocar“, повикувајќи се на извор од јапонската компанија, актуелната „петка“ нема да добие свој наследник, кој ќе биде заснован на „SKYACTIV“ технологијата и „KODO“ дизајнот.

Една од причините за ваквата одлука е се поголемата заинтересираност на купувачите за „SUV“ и кросовер моделите, поради што е загрозена продажбата на мини-ван возилата, пренесува британскиот авто-магазин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП