28 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИStaples го купува Office Depot за 6.3 милијарди долари

Staples го купува Office Depot за 6.3 милијарди долари

staples 535

Најголемиот снабдувач на канцелариски материјали во САД, „Staples“, постигна договор за купување на својот главен конкурент „Office Depot“ во зделка за 6.3 милијарди долари, за да може подобро да се натпреварува против онлајн продавниците и големите синџири, соопштува „Ројтерс“.

Од „Staples“ изјавија дека ќе платат 7.25 долари по акција во готовина и 0,2188 од своите акции за секоја акција на „Office Depot“.

Многу е веројатно зделката да биде под истрага од антимонополската комисија во земјата. Според договорот една акција на „Office Depot“ се проценува на 11 долари, според цената на „Staples“ при затворање на трговијата на 2-ри февруари. Тоа беше последниот ден пред медиумските шпекулации дека зделката ќе се реализира.

Цената е за 44% повисока од вредноста на „Office Depot“ при затворањето на тргувањето во понеделникот.

Онлајн продавниците, како „Amazon“ и големите синџири, како „Wal-Mart Stores“, веќе со години заземаат дел од продажбата на канцелариски материјали.

Зделката е поздравена од компанијата-инвеститор, „Starboard Value“, која поседува околу 6% од „Staples“ и околу 10% од „Office Depot“. Во јануари таа ги повика двете компании да размислат за спојување. Во писмо до главниот извршен директор на „Staples“, Роналд Саргент, од „Starboard“ изјавија дека заштедените трошоци од тоа обединување би можеле да пораснат за над два пати по заедничкиот оперативен профит на двете компании.

Вредноста и структурата на предложениот договор се уште не се познати. „Staples“ има пазарна вредност од над 11 милијарди долари. „Office Depot“, која во 2013-та година ја купи конкурентската „OfficeMax“, има пазарна вредност од околу 4 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП