Индустриското производство во Хрватска во декември лани е зголемено за 5,3 отсто во однос на декември 2013 година. Од тоа, производството на храна бележи раст за дури 20 отсто, се вели во најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Таквата состојба според „Слободна Далмација“ е знак за опоравување на индустриското производство по повеќегодишна стагнација.
Вкупниот индустриски раст во Хрватска лани бил 1,2 отсто, што според Јосип Будимир од Управата на Франк, се уште е далеку од посакуваното ниво ако треба да се променат повеќегодишните негативни трендови.
Весникот додава дека и покрај охрабрувачката статистика, во преработувачката индустрија нема зголемување туку пад на бројот на вработени и тоа за 0,6 отсто.