18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Sky се зголеми повеќе од двојно во последните шест месеци...

Профитот на Sky се зголеми повеќе од двојно во последните шест месеци од 2014-та

sky tv 6

Од седиште во Велика Британија на сателитскиот оператор и давател на платена телевизија, „Sky“, објавија дека профитот ми се зголемил повеќе од два пати во текот на шестте месеци, завршно со 31-ви декември 2014-та година.

Нето добивката за истиот период се зголемила до 1.09 милијарди фунти (1.65 милијарди долари) од 411 милиони фунти од пред 12 месеци. Корегираните приходи се зголемија за 5 отсто на годишно ниво до 5.60 милијарди фунти. Оперативната добивка пак порасна за 16% до 675 милиони фунти.

Според зборовите на извршниот директор на компанијата Џереми Деркс во ова полугодие компанијата покажала добри перформанси.

Во јули минатата година водечкиот британски оператор во сферата на платената телевизија постигна договор да се здобијат „сестринските“ компании во Италија и Германија од „21st Century Fox“ за 9.09 милијарди долари.

Ова доведе до создавање на пан-европски гигант во платената телевизија, која има околу 20 милиони корисници во Германија, Италија, Австрија, Велика Британија и Ирска.

Во второто фискално тримесечје, компанијата доби 1.5 милиони нови корисници кои плаќаат за нејзините услуги. Тоа е за 25% повеќе во однос на истиот период од претходната година, истакнуваат од „Sky“.

„Sky“ инвестира во програмирање, мрежи и хардвер за да привлече повеќе корисници. Таа се соочува со предизвици од страна на нејзиниот ривал „BT Group“, кој пушти спортски канали за да ги примами на корисниците на широкопојасните услуги. Од своја страна „Sky“ им нуди на своите претплатници можност да ги гледаат натпреварите од англиската Премиерлига.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП