10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо европски пари ќе се подобруваат капацитетите на УЈП

Со европски пари ќе се подобруваат капацитетите на УЈП

ujp 3804

Со 800.000 евра европски пари и користење на искуствата на Шпанската даночна управа во наредните две години ќе се подобрува квалитетот на даночните услуги што ги дава Управата за јавни приходи.

Тоа ќе се реализира преку ЕУ твиниг проектот „Подобрување на услугите на УЈП кон даночните обврзници“ чија цел е подобрување на административните и институционалните капацитети на УЈП во обезбедувањето услуги кон даночните обврзници и подобрување на доброволното пријавување и плаќање даноци.

Од предвидените пари за реализација на проектот 280.000 евра ќе се потрошат за реновирање на приземјето на Регионалната дирекција на УЈП во Скопје каде ќе се отвори нов Контакт центар. Реновирањето треба да започне во април и да заврши во последниот квартал од годинава.

Проектот предвидува УЈП да добие и модерен кол­центар кој ќе биде целосно функционалени и во согласност со европските практитки и да се зголеми бројот на навремено поднесени даночни пријави преку Контакт центарот. Тоа треба да се постигне преку зголемувањето на бројот на известувањата за даночните обврзници и известувањата за долг, услугите преку Контакт центарот и одговорените прашања преку телефонските линии во Кол­центарот.

Евроамбасадорот Аиво Орав посочи дека твиниг проектот ќе ги подобри административните капацитети на УЈП и генералниот даночен систем преку поставување и надградување на контактниот центар и услужни шалтери во повеќето од македонските општини.

Воспоставувањето ефикасен даночен систем го намалува ризикот од измама и коруипција.

Во време на економски потешкотии од огромна важност за секоја влада е да го подобри даночниот систем врз основа на принципите на транспарентност, одговорност и фер даночна конкурентност. Токму овој твининг проект, како продолжение на бројните интервенции на ЕУ во овој сектор во претходните години, значително ќе придонесе за спроведувањето на овие цели, рече Орав.

Тој посочи дека е предвидено да се изработат прирачници и насоки и ќе се обезбеди соодветна обука за даночните службеници за да се подобрат нивните професионални вештини.

Директорот на УЈП Горан Трајковски посочи дека досегашните искуства на Управата покажуваат дека проектот ќе биде успешен.

Вообичаена пракса е УЈП да објавува завршени проекти, но досегашното искуство со Шпанската даночна администрација во рамки на ИПА проектите ни дава за право да бидеме оптимисти дека овјо проект ќе биде успешен, рече Трајквски.

Нагласи дека на најдобар можен начин ќе се потрудат да изградат најдобри можни практики и да ги испорачаат на македонските даночни обврзници.

Прашан на што се должи потфрлувањето во наплатата на ДДВ за 2014 година, Трајковски рече дека тоа е резултат на намаллувањето на цената на суровата нафта на светскиот пазар во последниот квартал од минатата година, но додаде дека генерално УЈП за нешто под еден процент ја натфрлила реализацијата на планот за 2014 година.

Шпанскиот амбасадор Рамон Каранза истакна дека Шпанија има долго искуство во реализација на твиниг проекти и додаде дека неговата земја има релативно мала даночна управа во споредба со другите земји­членки со околу 25.000 вработени, но во неа, како што истакна работат луѓе со одлични способности.

Шпанската даночна управа е специјализирана за он­лајн консултации и голем број на луѓе во Шпанија ги испраќаат своите даночни пријави преку интернет, рече Каранза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП