7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Пекабеско“ ја намали цената на производите

„Пекабеско“ ја намали цената на производите

pekabesko t4

Компанијата од месната индустрија „Пекабеско“ ги намали цените на своите производи на сите продажни места во просек за 15 проценти. Акцијата ќе трае до 15 март годинава.

Како компанија секогаш се трудиме да возвратиме на довербата и лојалноста која ни ја даваат потрошувачите, купувајќи ги производите на Пекабеско. Свесни сме дека околу новогодишните празници граѓаните имаа големи трошоци, па сметаме дека сега е вистинско време за оваа промотивна акција која покрај во нашата земја, ќе важи и за потрошувачите од Србија, Косово, Црна Гора и БиХ, информираат од „Пекабеско“.

Ова е втора акција на компанијата по новогодишните празници. Минатата година „Пекабеско“ ги намали цените на своите производи за 10 проценти.

„Пекабеско“ има 430 вработени, а минатата година оствари извоз од 7 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП