19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас и Варуфакис оптимисти за пронаоѓање одржливо решение со ЕУ

Ципрас и Варуфакис оптимисти за пронаоѓање одржливо решение со ЕУ

premier minister grcija

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека е оптимист околу постигнувањето „взаемно прифатливо решение и компромис за грчката иднина во ЕУ, јави германската агенција ДПА.

„Наша цел е да ја почитуваме волјата на народот во Грција и јасниот мандат кој го добивме од нив, но истовремено да се почитуваат и правилата на Европската унија“, изјави грчкиот премиер во Брисел.

„Ние сакаме да ја корегираме таа рамка, а не да ја искршиме“, истакна Ципрас за време на кусата прес­конференција со претседателот на Европарламентот Мартин Шулц.

„Секако, се уште не сме постигнале договор, но одиме во правилна насока за изнаоѓање на овој значаен договор“, потенцираше тој.

Ципрас во Брисел се сретна и со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Ниту грчкиот премиер, ниту двајцата функционери не дадоа изјави, а Ципрас, верен на својот обичај, се појави без вратоврска. Тој и со овие двајца европски функционери разговараше за најавата на Грција дека ќе ги прекине преговорите со „тројката“, составена од претставници на ЕК, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд и ќе се откаже од програмата за штедење.

Оптимизам изрази и грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, кој по средбата во Франкфурт со претседателот на Европската централна банка Марио Драги изјави дека е „охрабрен за иднината“ по денешниот „конструктивен и плоден разговор“.

Тој на Драги му потенцирал дека за економската криза во Грција не може да се користат методите препорачани во условите на спасувачката програма за земјата.

„Програмата предизвика дефлациона криза во земјата“, истакна Варуфакис.

ЕЦБ соопшти дека нема да дава изјави во врска со разговорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП