3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува развојот на рудникот за бакар и злато кај Иловица и Штука

Продолжува развојот на рудникот за бакар и злато кај Иловица и Штука

rudnik jalovica

Геолошкиот завод на Република Македонија ја заврши ревизијата (стручната оценка) на Елаборатот од извршените геолошки истражувања за проектот за изградба на рудник за бакар и злато кај Иловица и Штука во општина Босилово. Согласно законската обврска, со ревизијата на Геолошкиот завод се потврдуваат рудните резерви што претходно беа утврдени.

Според геолошките истражувања, во наоѓалиштето за бакар и злато Иловица, утврдени се 237 милиони тони ресурси и резерви од 225 милиони тони руда во кои, според проценките, има околу 70 тони злато и 410 илјади тони бакар. Од овие количини, истражувањата потврдуваат искористувања од 86,5 отсто за златото и 84 отсто за бакарот. Површинскиот коп кај Иловица и Штука се предвидува да има експлоатација од 10 милиони тони руда годишно. Просечното годишно производство е проектирано на 95 илјади унци злато и 16 илјади тони бакар. Според количините на руда што ги поседува, рудникот се предвидува да работи околу 23 години.

Со ревизијата на Геолошкиот завод на Македонија практично заврши фазата на деталните геолошки истражувања и се исполнија сите услови за понатамошно продолжување со развојот на проектот, согласно регулативите.

Неодамна, преку непосредна приватна продажба, Европската банка за обнова и развој стана сопственик на 19.99% во Еуромакс Ресоурцес, заради инвестициски цели.

Согласно плановите, рудникот за бакар и злато кај Иловица и Штука треба да стартува со работа во 2017 година. Вкупната инвестиција за развој и изградба на рудникот ќе изнесува околу 500 милиони американски долари, а предвидено е да се вработат околу 400 лица.

За Euromax Resources Ltd.

Euromax Resources е сопственик на проектот за развој на рудник за бакар и злато Иловица во Македонија и на компанија за услуги за истражување во Бугарија. Компанијата е фокусирана на изградба и работа со проектот за бакар и злато Иловица во Македонија, како и на профитабилна употреба на богатото искуство во истражувањето што го има во подружницата за услуги за истражување во Бугарија.

За подетални информации посетете ги страниците www.euromax-ilovitza.mk  и www.euromaxresources.com.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП