17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИChevron го намалува бројот на работниците

Chevron го намалува бројот на работниците

chevron20280595445367acab9918f687199727_640x427

Американската компанија за нафта и гас „Chevron“ одлучи поради падот на цените на нафтата на светските пазари да го намали бројот на работниците и инвестициите за оваа година.

Инвестициите во 2015 година ќе бидат намалени за 13 проценти во однос на 2014 година и ќе изнесуваат 35 милијарди долари.

Бројот на вработени во државата Пенсилванија ќе биде намален за 23 проценти, што е за 162 лица помалку од вкупно 700 вработени лица во тој оддел, пренесува Блумберг.

„Chevron“ во четвртиот квартал минатата година оствари 30 проценти помал профит отколку во истиот период во 2013 година поради падот на цените на нафтата, на 3,47 милијарди долари. Добивката по акција била 1,85 долари. Притоа приходите од септември до декември се зголемени на 46,09 милијарди долари. Меѓутоа, поради растот на курсот на доларот компанијата загубила 432 милиони профит.

„Chevron“ е втората по големина енергетска корпорација во САД, зад компанијата „Exxon Mobil“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП