18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Двојка“ доби кабриолет верзија (фото)

„Двојка“ доби кабриолет верзија (фото)

dvojka kabrio1

Пред стартот на продажбата на европскиот пазар, „BMW“ објави нови фотографии и детали за моторизацијата на кабриолетот „Serieѕ 2“.

Наследникот на „BMW Serieѕ 1 Cabrio“ се пресели во серија поголема за еден број, а покрај тоа и се зголеми.

dvojka kabrio

Во однос на претходникот, подолг е за 72 mm (4.432 mm) и поширок за 26 mm (1.774 mm). Меѓуосовинското растојание е поголемо за 30 mm и сега изнесува 2.690 mm.

Зголемувањето на димензиите влијаеше автомобилот повеќе да не е така компактен, како шарматната прва генерација, но допринесе патниците на задните седишта да имаат повеќе комфор, и полесно да можат да влезат и излезат од возилото.

dvojka kabrio2

Во исто време, капацитетот на багажникот е зголемен за 30l (нa 335 l), со подигнат покрив, односно за 20 l (нa 280 l), кога автомобилот се вози со ветер во косата.

Платнениот покрив е достапен во три бои, црна, сива и кафена.

dvojka kabrio3

Покривот можно е да се подигне/спушти и во возење, но само ако не се надмине брзината од 50 km/h, a секоја од овие две операции трае 20 секунди.

На купувачите во Европа ќе им бидат понудени седум мотори.

Палетата на бензински аграгати ја сочинуваат 1.5-литарскиот трицилиндарски „218i“ со 136 ks, 2.0-литарскиот четирицилиндарски „220i“ со 184 ks, како и „228i“ и „228i xDrive“ со 240 ks.

dvojka kabrio4

Во врвот на понудата е и 3.0-литарскиот шестцилиндарски „M235i“ со 320 ks.

Оние кои ќе се одлучат за дизел верзија, тоа можат да го одберат помеѓу 2.0-литарските четирицилиндарски „218d“ со 150 ks, „220d“ кој произведува 190 ks и најмоќниот „225d“ со 224 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП