7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаруфакис: Заканите од ЕУ се нелегитимни

Варуфакис: Заканите од ЕУ се нелегитимни

ekso-Varoufakis-326x235

Заканите од ЕУ дека до крајот на месецот би можела да го запре финансирањето на банкарскиот сектор во Грција се нелегитимни, оцени грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.

Како што објави „Дејли Текеграф“, Европската унија ја услови исплатата на нови средства за Грција со исполнување на строгите мерки на штедење и договорените реформи, додека новата грчка Влада најави откажување од програмата за помош и сопствен план со кој грчкиот долг би се трансформирал во државни обврзници.

Претставници на Европската централна банка (ЕЦБ) последниве денови во неколку наврати ја предупредија Грција дека доколку не соработува со „тројката“ меѓународни гредитори и не се придржува кон мерките утврдени со програмата за помош, по 28 февруари ЕЦБ повеќе нема да ги прифаќа грчките државни обврзници како гаранција за исплата на кредити. Доколку ЕЦБ ја спроведе ваквата закана, грчките банки ќе останат без 54 милијарди евра, кои им се исплаќаат за одржување на нивната ликвидноист.

Варуфакис изјави дека го замолил Брисел да го зголеми лимитот од 15 милијарди за емисија на краткорочни обврзници на грчкото Министерство за финансии, мерка која, според него е „крајно неопходна“ за обезбедување средства во следните месеци.

Тие пари ни се неопходни до јуни, за да можеме да го подготвине нашиот план, посочи Веруфакис.

Но, за таква мерка согласност треба да дадат сите три членки на „тројката“, која покрај ЕУ ја сочинуваат и ЕЦБ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). За таа цел Варуфакис денеска во Франкфурт ќе има средба со првиот човек на ЕЦБ, Марио Драги.

Грчкиот министер е оптимист околу барањата на Атина, нагласувајќи дека Грција има поддршка од еврозоната.

Французите се посебно заинтересирани да застанеме на нозе. Тие се многу вознемирени од тоа што се случува во Европа и не сакаат да молчат додека гледаат како се задушуваме, бидејќи стравуваат дека и тие ќе го загубат тлото под нозете, потенцира Варуфакис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП