4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците се помалку штедат

Германците се помалку штедат

germany1

Германците се помалку штедат, а се повеќе трошат – во 2010 година издвојувале 15 проценти од приходите за штедење, а сега само девет проценти.

Анкетата на Здружението за истражување на потрошувачката од Нирнберг наведува дека Германците се чувствуваат посигурно и економски постабилно, особено кога станува збор за нивните работни места.

Голема улога во помалите заштеди има и фактот дека каматите се мали.

Европската централна банка спроведува политика со нулта каматна стапка, а тоа значи дека каматите на штедните влогови се минимални.

Од септември 2014 година, референтната каматна стапка на Европската банка изнеусва 0,05 проценти и на тоа ниво ќе остане уште некое време. На тој начин, банката сака да ги поевтини кредитите и да го поттикне економскиот раст во еврозоната. Сепак, таа пресметка засега не даде резултати, бидејќи нема побарувачка за кредити.

Затоа Германците, наместо во акции, инвестираат во нов автомобил или во нов мебел.

Потрошувачите не купуваат само производи и услуги од домашното производство, туку и производи како автомобили од други земји, наведуваат трговците.

Економистите предупредуваат дека иднината не е светла.

Демографскиот развој ќе продолжи да ја турка штедната квота надолу поради растот на процентот на пензионери во вкупното население.

Според некои пресметки, Германците до 2020 година ќе штедат само седум проценти од расположливите средства.

Со оглед на тоа дека општеството старее, со тек на време ќе се намалува и висината на пензиите, предупредуваат економистите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП