20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК: Можност за нови бизнис партнерства со Јапонија

ССК: Можност за нови бизнис партнерства со Јапонија

japonija ssk

Делегација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), предводена од претседателот Данела Арсовска и претставници на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија се во посета на Јапонија.

Целта на посетата, како што соопштуваат од ССК, е да се разгледаат можностите за зголемување на трговската размена, соработка на компаниите од двете земји, како и реализирање на конкретни проекти преку Јапонија кон целиот Азиски пазар.

„Остваривме средба со владината Аичи Организација за промоција на индустријата како и со Јапонската Асоцијација за стопанство и индустрија, разговаравме за можностите за унапредување на економската соработка, трговската размена и соработка на полето на инвестициите. Во следните денови ќе оствариме и средба со неколку јапонски компании, кои веруваме дека ќе ни пренесат знаење, искуства и ќе ги презентираат најновите технолошки достигнувања и импресивните резултати постигнати на полето на роботиката, електрониката, како и во делот на автомобилскиот сектор“, изјави Арсовска.

Таа вели дека има интерес кај јапонските компании за Македонија. Јапонија е членка на Г8, а дури 62 и од 500 најголеми и најпрофитабилни светски корпорации се јапонски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП