20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИStandard & Poor's ќе плати казна од 1.5 милијарди долари

Standard & Poor’s ќе плати казна од 1.5 милијарди долари

spoor

Рејтинг агенцијата Standard & Poor’s (S&P) се согласилa да плати 1.5 милијарди долари според договорот во врска со обвинувањата дека намерно ги зголемувала своите рејтинзи на ризични хипотекарни обврзници, објави „ВВС“.

„S&P“ ќе плати 687.5 милиони долари на Министерството за правда и уште толку на 19-те држави кои исто поведоа тужби против неа. Агенцијата исто така ќе плати 125 милиони долари во посебен договор со јавниот пензиски систем на Калифорнија.

„S&P“ е првата кредитна агенција која е казнета за прекршување од времето на финансиската криза. Обвинението го вклучува рејтингот на хипотекарни обврзници во периодот помеѓу 2004-та и 2007-ма година.

Обврзниците кои вклучуваат ризични кредити, беа обвинети за крахот на пазарот на недвижности во САД и последователната светска финансиска криза.

Американското Министерство за правда поднесе тужба против „S&P“ пред две години. Таа ја обвини рејтинг компанијата дека им давала „ААА“ топ рејтинг на хипотекарните обврзници, за кои знаела дека содржат ризични хипотекарни долгови.

Министерството за правда исто така обвини дека „S&P“ не ги предупредила инвеститорите дека пазарот за домување се урива во 2006-та година, бидејќи тоа би требало да влијае на нивниот бизнис.

Со договорот, „S&P“ признава дека не го намалила рејтингот на лоши средства, за да не му наштети на бизнисот на компанијата, што влијаеше на економијата и придонесе за финансиската криза, изјави главниот обвинител Ерик Хоулдер.

Во соопштението „McGraw Hill“, матичната компанија на „S&P“, вели дека „договорот не содржи наоди за прекршување на законот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП