16 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„ЧОКОЛАДНАТА ЗЕМЈА“ во ВЕРО центарот, уживање за сите сетила

„ЧОКОЛАДНАТА ЗЕМЈА“ во ВЕРО центарот, уживање за сите сетила

vero-centar

Ако некогаш сте посакувале да бидете опкружени со чоколади и слатки, сте сонувале за земја од бајките со куќички од колачи и бисквити, магична атмосфера и неодоливи мириси, сето тоа ќе го најдете во „Чоколадната земја“ во Веро-центарот.

Еден од најголемите настани поврзани со ова слатко задоволство „Чоколадната земја“ по трети пат нуди дегустација и продажба над 1000 различни чоколадни производи од домашни и странски производители.

chokoladna-zemja-vero-centar-3

Европа, Кандид, Милка, Киндер, Најлепше жеље, Марс, Баунти, Милки веј, Твикс, Сникерс, Свис лион, Ритер спорт, Шотеген, Тофифи, Звечево, Микадо, Нестле, Карнила и Кармела нудат чиста чоколадна возбуда од млечни, бели, црни и чоколади со разни вкусови и додатоци.

До 19 февруари потрошувачите ќе уживаат во уникатни игри и активности за најмладите, дегустација на најдобрите чоколада и колачи, можност да научат нешто за потеклото на чоколадата, неговата обработка, кулинарски истражувања и многу повеќе!

chokoladna-zemja-vero-centar-1

Веро-центарот ги повикува сите дечиња и овој викенд заедно со нивните родители да дојдат и да ги вкусат најслатките чоколади и да уживаат во светот создаден само нив.

chokoladna-zemja-vero-centar-2

Ве очекуваме во Чоколадната земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП