21 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВнимание: Порно-вирус превзема профили на Facebook!

Внимание: Порно-вирус превзема профили на Facebook!

porno virus

Порно-вирус превзема профили на „Facebook“ и оттаму презема далечинска контрола врз компјутерот на жртвата, предупредија „ИТ“ професионалци.

Луѓето заразата ја активираат, откако ќе кликнат на интересно клипче, најчесто со порно, или сензационална вест, споделена од пријател. Понекогаш гледате порака дека треба да се ажурира „Flashplayer“, или дека треба да се превземе некоја непозната апликација за да се добие пристап до вашиот профил за да го отворите линкот.

И во двата случаи, ако се согласите, вирусот го превзема профилот, а потоа и компјутерот. Тој препраќа од ваше име покани до пријателите да гледаат порно или да се вклучат во групен секс со вас. Ако некој прифати, наместо пријатни задоволства, ќе добие големи главоболки.

Ако дознаете од пријател дека испраќате непристојни покани на „Facebook“, треба веднаш да преземе дејства во три чекори, советуваат „ИТ“ експертите што ја поддржуваат социјалната мрежа:

1. Заменете ја лозинката за пристап. Испратете порака на вашите пријатели да ги игнорираат секакви чудни покани или статуси со порно-клиповите.

2. Преглед на апликациите (Apps You Use) кои имаат пристап до профилот и отстранете ги сите кои ви се непознати или сомнителни. Самите вработени на „Facebook“ постојано објаснуваат дека се обидуваат сами да ги ограничат и да ги елиминираат малициозни програми. Може да им помогнете, ако ги пријавите на администраторот сите порнолинкови кои сте ги испратиле или примиле.

Ако вирусите го „заземале“ компјутерот, би требало да бидат фатени и ставени во карантин од вашиот антивирус,

Друг распространет вирус ги „заклучува“ профилите на „Facebook“ и за тоа ви бара пари за да ви го врати повторно. Износите стигнуваат до 500 долари. Советот на „ИТ“ експертите: не плаќајте, бидејќи ќе ве уценуваат повторно, туку побарајте специјализирана помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП