21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален бројот на невработени лица во Шпанија на годишно ниво

Намален бројот на невработени лица во Шпанија на годишно ниво

bankashpanija1

Бројот на невработени лица во Шпанија, за која јануари е традиционално најлош месец, е намален претходниот месец на годишно ниво со најбрзо темпо за последните 16 години, покажуваат вчера објавените податоци на шпанската влада.

Меѓутоа, на месечно ниво бројот на невработени лица во јануари порасна на вкупно 4,53 милиони, што е речиси за 78.000 невработени повеќе во однос на месец декември, се наведува во соопштението на шпанското Министерство за труд, пренесува агенцијата Франс прес.

„Во споредба со јануари 2013 година, вкупниот број на невработени лица е намален за 288,744, што е најголемиот годишен пад на невработеноста од 1998 година“, се вели во соопштението на министерството.

Владините месечни податоци за невработеноста се пресметуваат поинаку во однос на податоците за кварталната стапка на невработеност, која на крајот на 2014 година изнесуваше 23,7 проценти, во однос на податоците од шпанскиот Институт за статистика, кој во својата проценка ги пресметува и лицата кои не се пријавени во официјалната евиденција за невработени, поради што во Шпанија во декември имало 5,46 милиони невработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП