6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовата грчка Влада етапно ќе ја зголемува минималната плата

Новата грчка Влада етапно ќе ја зголемува минималната плата

rabotnici grcija

Грчкиот министер за труд Панос Скурлетис потврди дека новоизбраната левоориентирана Влада ќе пристапи кон зголемување на минималната плата во земјата и оти тоа ќе се случи етапно, пренесе БТА.

Зголемувањето на минималната плата е дел од ветувањата на кабинетот на премиерот Алексис Ципрас за укинување на мерките за штедење, наложени во рамки на спасувачкиот договор со меѓународните кредитори.

Скурлетис рече дека Владата планира да го обнови колективниот договор и да ја зголеми минималната плата, која беше намалена од 751 на 586 евра месечно, согласно договорот за спасувачка помош од 2012 година.

Тој појасни дека во првата етапа минималната плата ќе биде зголемена на 670 евра, а набрзо потоа ќе достигне и 751 евра, колку што беше нејзиното ниво во 2009 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП