5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките банки повлекоа две милијарди евра од централната каса

Грчките банки повлекоа две милијарди евра од централната каса

greec

Четирите најголеми грчки банки во последниве две недели од централната Банка на Грција повлекле околу две милијарди евра, јавија грчките медиуми.

Според економските експерти, банките биле принудени на ваквиот потег затоа што дел од депонентите започнале со повлекување на своите заштеди од банкарските институции, како резултат на политичката неизвесност во Грција предизвикана од предвремените избори и формирањето на новата Влада, која најави прекин на политиката на буџетско штедење.

Во пресрет на вонредните парламентарни избори на 25 јануари, Банката на Грција побара од Европската централна банка (ЕЦБ) исплата на средства со цел да се одржи ликвидноста на четирите водечки банки во земјата – „Националната банка на Грција“ (НБГ), „Пиреус“, „Алфа Банк“ и „Евробанк“.

ЕЦБ тогаш итно одобри средства за финансирање на грчките банки за период од две недели, рок кој истекува утре, по што ќе уследи нова проценка на состојбата.

Од одобрувањето на овие вонредни средства за ликвидност на 21 јануари, грчките банки повлекле околу две милијарди евра од централната Банка на Грција.

Извори во грчките банки наведуваат дека повлекувањето на депозитите продолжило и по изборите, иако тоа било со намален интензитет.

Согласно одредбите на еврозоната, централните банки за земјите-членки можат да им позајмуваат средства на комерцијалните банки за одржување на нивната ликвидност, но само со одобрение на ЕЦБ.

Грчките банки ја искориситја ваквата поволност и во текот на најголемата должничка криза во земјата во 2012 година, но веќе на почетокот на минатата година ги вратија сите позајмени средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП