20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина: Можни се неколку решенија за отпишување на грчкиот долг

Атина: Можни се неколку решенија за отпишување на грчкиот долг

grcka vlada

Постојат неколку технички начини за отпишување на грчкиот долг, меѓу кои фигурираат новите предлози на грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, изјави денеска портпаролот на грчката Влада, Гаврил Сакеларидис, кој ја отфрли можноста за какво било отстапување по тоа прашање.

„Ставот на Владата е непроменет и тој подразбира дека грчкиот долг е неодржлив, поради што е потребно негово отпишување. Кога говориме за отпишување тоа мора да се случи со серија технички средства“, изјави Сакеларидис.

Тој додаде дека едно од техничките решенија е она што Варуфакис го претстави вчера пред британските инвеститори.

Формулата што вчера ја спомена Варуфакис, како што пренесува „Фајненшл тајмс“, подразбира трансформирање на долгот во комплексни државни обврзници, а не само чисто отпишување на дел од долгот.

„Она што за нас е важно во овој момент е да го направиме долгот одржлив, да му дадеме оддишка на грчкиот народ“, додаде Сакеларидис.

Концептот за отпишување на долгот беше промовиран од сега владејачката Коалиција на радикалната лева (СИРИЗА) за време на предизборната кампања за парламентарните избори на 25 јануари, на кои партијата победи.

Под терминот отпишување се подразбира чисто анулирање на еден дел од долгот, но СИРИЗА не ги презицираше начините на кои тоа ќе биде направено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП