21 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАлбанскиот Парламент одобри продажба на четири хидроцентрали

Албанскиот Парламент одобри продажба на четири хидроцентрали

kurum-albania

Албанскиот Парламент ја одобри продажбата на четири хидроцентрали на турската компанија „Курум интернешнл“.

Компанијата победи на тендерот и доби сто проценти од акциите на четирите хидроцентрали, Улез, Шкопет, Бистрица – 1 и Бистрица – 2.

„Курум интернешнл“ е дел од „Курум холдинг“. Групацијата е специјализирана за добивање на железна руда и челик, како и за транспортни, логистички и товарни дејности. Освен за инвестирање во Албанија, турската компанија пројавува интерес и за Косово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП