26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord го претстави новиот Focus RS (фото)

Ford го претстави новиот Focus RS (фото)

focus-rs-876-new

По фотографиите кои се појавија порано денес, „Ford“ официјално го претстави новиот „Focus RS“. Моделот е глобален и ќе се нуди на сите поголеми пазари за брендот, вклучувајќи го и САД.

Како што се очекуваше, новата генерација „Focus RS“ користи целосно нов турбо-мотор. Тој е од серијата „EcoBoost“, има четири цилиндри и зафатнина од 2.3 литри. Агрегатот се нуди и за новиот „Mustang“, а кај „Focus RS“ генерира повеќе од 320 КС, покажуваат информациите од „Ford“.

Во моментов не се објавени точните карактеристики на моделот, но од компанијата споделија само дека инженерите го преработиле рачниот менувач со 6 степени, кој се користи кај „Mustang“, за да може тој да се справи со повисокиот вртежен момент.

focus-rs-rear-876-new

Другата значајна новина кај „Focus RS“ е системот за погон на четири тркала. Тој користи два електронски управувани куплунзи, а е способен да прати до 70% од вртежниот момент на моторот на задните тркала. Во зависност од ситуацијата, може да биде дистрибуиран до 100% од-до само едно од тркалата на задната оска.

Интересна иновација е исто така издувниот систем, кој е опремен со електронски вентил преку кој возачот може да го менува нивото на бучава на својот автомобил.

Во стандардната опрема на „Focus RS“ влегуваат 19-инчни тркала и гуми „Michelin Pilot Super Sport“ со големина 235/35. Со доплата се нуди и поскапата серија „Pilot Sport Cup 2“. Достапни се и седишта „Recaro“, инфо-забавен систем „SYNC“ со 8 инчен дисплеј, камера за рикверц, аудио со 10 звучници, спортски волан со рамно дно, педали од нерѓосувачки челик и друго.

focus-rs-876-new2

Од информациите не е познато кога овој модел ќе биде достапен на пазарот. Потврдено е дека новиот „Focus RS“ е глобален производ и ќе се нуди на сите поголеми пазари, вклучувајќи го и САД.

Објавено е уште дека „Focus RS“ ќе може да се нарача во една од следниве бои – „Nitrous Blue“ (сина), „Frozen White“ (бела), „Absolute Black“ (црна) или „Stealth Gray“ (сива). Автомобилот на фотографиите е во специјалната „Liquid Blue“ боја, која дебитираше на „Ford GT“, но таа нема да биде во понудата.

focus-rs-876-new1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП