19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСапин: Грција да не се обидува да ги скара Германија и Франција

Сапин: Грција да не се обидува да ги скара Германија и Франција

sapin francija 35

Францускиот министер за финансии Мишел Сапен по средбата со неговиот грчки колега Јанис Варуфакис ја предупредува Атина да не игра на картата нa кавга меѓу Берлин и Париз.

„Француско­германскиот договор е клучен за постигнување спогодба што може да им помогне на Грците“, изјави Сапен.

Според него, барањето на грчката Влада за постигнување „Нов договор“ е разумено, само ако оди во пакет со нов план за реформи во Грција.

„Нема никаква поента да се туркаат членките на еврозоната едни против други и особено тоа не може да се прави со Франција и Германија, затоа што решението за помош на Грција мора да мине преку договор меѓу Франција и Германија“, изјави Сапен по средбата со Варуфакис во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП