28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаст на нето профитот на Santander

Раст на нето профитот на Santander

Santander bank branch

Нето профитот на најголемата банка во еврозоната, шпанската банка „Santander“, се зголеми за речиси 40 проценти во 2014 година, благодарение на работењето на групацијата во Британија и Бразил.

И покрај економската неизвесност во клучните региони и ненадејната смрт на долгогодишниот директор Емилио Ботин, профитот на „Santander“ во цела 2014 година пораснал на 5,8м милијарди евра, пренесува агенцијата Франс прес.

Во Британија, каде „Santander UK“ е една од водечките финансиски групации, профитот пораснал за 30 проценти на годишно ниво, на 1,58 милијарди евра, додека на пазарот во Бразил профитот е зголемен за осум проценти на 1,56 милијарди евра.

Во САД, профитот изнесувал стабилни 800 милиони евра, додека во Шпанија добивката на банката пораснала за 141 процент на 1,2 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП