20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралната банка на Австралија ја намали референтната каматна стапка

Централната банка на Австралија ја намали референтната каматна стапка

avstralijabanka1

Централната банка на Австралија ја намали референтната каматна стапка за 25 базични поени на нов историски минимум од 2,25 проценти.

Тоа е првото намалување на РЕПО стапката за последната година ипол.

Во соопштението на Централната банка, се наведува дека економијата на Австралија бележи раст кој е под вообичаениот тренд со ниска инфлација, додека стапката на невработеност во изминатата година порасна, со очекување за нејзин понатамошен раст, пренесува агенцијата Франс прес.

Ваквото соопштение на Централната банка предизвика пад на вредноста на австралискиот долар на 76,61 центи за американскиот долар од претходните 78 центи.

„На денешниот состанок, земајќи го во предвид приливот на најновите информации и прогнози, одлучивме дека дополнителното намалување на РЕПО стапката е соодветно. Очекуваме дека овој потег ќе и овозможи дополнителен поттик на побарувачката со што ќе се забрза и економскиот раст“, се наведува во соопштението на Централната банка.

Некои економисти, сепак, тврдат дека намалувањето на каматната стапка би можело да биде ризик за создавање на балон на пазарот за недвижнини. Сепак, Централната банка наведува дека заедно со регулаторите работи на проценката и ограничувањето на економските ризици кои можат да се појават на пазарот за недвижнини“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП