ЕКОНОМИЈА

Ниска свеста за осигурување, двоцифрен раст има кај животното

osiguruvanjemakedonijaiou8943ft4

Во Македонија се уште постои ниска свест за осигурување.

Кај неживотното осигурување растот е до три проценти и тоа е максимумот што може да се достигне во овој период, а кај животното осигурување кое е поново во Македонија растот е двоцифрен.

Во неживотното осигурување доминира моторното. Многу малку се застапени полисите за одговорност кон трети лица, како и домаќинското кое е под 10 проценти, изјави Бошко Андов претседател на УО на Македонија осигурување на денешната прес­конференција на кое беше најавена дологорочна соработка со Винер лајф.

Тој додаде дека токму тука има простор за раст, како и во делот на животното осигурување каде се очекува годината да забележи зголемување за 30 проценти.

Во Македонија има над 16.000 полиси за животно осигурување, а во текот на минатата година биле издадени 9.300.

Ѓорѓе Војновиќ од Винер лајф истакна дека годишната премија е 250 евра годишно за полиса, а најголемата осигурана сума е над еден милион евра и оти податоците од јануари укажуваат дека ќе се достигне очекуваното зголемување.

На прес­конференција на двете друштва денеска соопштија дека Осигурување Македонија го пренесе портфолиото за животно осигурување во Винер Лајф. пренесени се 130 полиси.

Според Војновиќ и Андов, ова е вистински чекор за долгорочна соработка. Двете компании се дел од осигурителната групација Виена Иншуренс груп.