30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоплавите најголем ризик за земјоделството

Поплавите најголем ризик за земјоделството

poplavi-zemjodelstvo

Полисите за осигурување на земјоделските површини не се купуваат масовно, иако ризиците по земјоделските површини во последните години и со поплавите се зголемуваат.

Од осигурителните компании наведуваат дека во моментов полиси за осигурување на земјоделските површини не се издадени бидејќи нема посеано земјоделски култури.

Со издавање полиси за земјоделските површини се почнува во април кога ќе има земјоделски култури, изјави Бошко Андов, претседател на Управниот одбор на Осигурување Македонија.

Според него, најголем ризик за земјоделството се поплавите, но смета оти проблем е што сега се јавуваат во јануари.

Проценката е дека од регистрирани 40.000 земјоделци осгирувани во минатата година биле 3.000. За да се поттикне осигурувањето во земјоделството државата покрива 60 проценти од трошокот на премијата на осигурувањето за надоместок на штетата врз примарното земјоделско производство настаната како резултат на неповолен климатски настан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП