Поддршката на Германија за заедничката европска валута е во загрижувачки пад поради кризата во Грција и одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) да купи обврзници од земјите на еврозоната вредни една милијарда евра, изјави денес германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле.
„Морате да бидете свесни за опасностите, тука нема разговор“, изјави Шојбле за Ројтерс на прашањето на новинарот, дали проблемите во Грција и дебатата за ниските каматни стапки ја завртеа Германија против еврото.
Германските политичари, економистите и медиумите бурно реагираа на одлуката на ЕЦБ да започне со купувањето на обврзници со цел придвижување на ултра ниската инфлација.
Германската канцеларка Ангела Меркел е загрижена дека со програмата на ЕЦБ би можело да се охрабрат земјите во проблеми да ги запрат структурните реформи.
„Германската влада може да направи само едно, да ги увери граѓаните дека економската интеграција на Европа со заедничката валута е во најдобар интерес на Германците“, наведува Шојбле.
Министерот наведе дека до слабеењето на еврото делумно дошло поради монетарната политика на ЕЦБ, која на краток рок ја поттикнува конкурентноста на земјите од еврозоната, но на долг рок има други ефекти. Шојбле не прецизираше за кои ефекти станува збор.
„Грција оствари поголем напредок од она што можеше да се очекува, но таа мора да продолжи со реформите“, порача тој.