19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntel ја купува германската компанија Lantiq

Intel ја купува германската компанија Lantiq

intel baza20

Американскиот производител на процесори „Intel“ ќе го купи германскиот производител на полупроводници „Lantiq“, па така ќе се обиде да ја зајакне позицијата на пазарниот сегмент на чипови кои се наменети за предмети кои се приклучуваат на различни системи.

Оваа аквизиција ја објавија двете компании, но не ја споменаа вредноста на трансакцијата. Станува збор за сегмент кој е во експанзија и кој стана поле за жестока „борба“ меѓу компаниите, како што се „Intel“, „Qualcomm“ и другите технолошки компании, кои во него гледаат извор за раст на прометот и профитот, пренесува „Reuters“.

Според истражувачкиот кабинет на „ABI research“, бројот на предмети кои би можеле да се поврзат со други системи ќе биде двојно зголемен до крајот на оваа деценија.

Приватниот инвестициски фонд „Golden Gate Capital“ го купи „Lantiq“, поранешниот огранок на германската компанија „Infineon“, во 2009-та година за 250 милиони евра.

Германскиот телекомуникациски оператор „Deutsche Telekom“ беше меѓу компаниите кои инвестираа во оваа компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП