„Renault“ го откри лицето на својот најдобар нов кросовер, кој го носи името „Kadjar“. Ова возило е создадено по мотиви на помалиот „Captur“, но технички се приближува максимално до еден од бестселери на пазарот – „Nissan Qashqai“.
Официјалната премиера на „Kadjar“ ќе се одржи на автосаемот во Женева во март. Од „Renault“ објаснија како било избрано името на моделот – „quad“ значи погон на двата моста, „agile“ – пргав, а „jaillir“ – ненадеен. Овие три збора се трансформираат во називот „Kadjar“.
И додека при изборот на име Французите покажаа фантазија, сепак техничкиот дел на кросоверот е базиран на платформата „CMF-C / D“, на која е изграден и „Nissan Qashqai“. Во должина „Kadjar“ е поголем од својот „брат“ – 4450 мм наспроти 4380 мм, додека сите други показатели – ширина (1840 mm), височина (1610 mm) и тло (180 мм), кај двата модели се идентични.
Интересно е дека во „Renault“ не се загрижени од фактот дека новиот „Kadjar“ ќе се бори токму со „Qashqai“ на светските пазари. Другите конкуренти наведени од Французите се: „Mazda CX-5“, „Hyundai ix35“ и „Ford Kuga“.
Засега од „Renault“ не објавија со какви агрегати ќе биде опремен новиот кросовер, но е сосема логично тие се бидат позајмени од европската верзија на новата генерација на „Qashqai“. Тоа значи дека „Kadjar“ ќе се потпира на бензински 1.2-литарски мотор со 115 КС и на 1.6-литарски со 163 КС, а пак дизел верзиите ќе бидат 1.5 „dCi“ (110 КС) и 1.6 „dCi“ (130 КС). Ќе има модификации како со преден погон, така и со погон на четири тркала. А менувачите се 6-брзински мануелни и автоматски.
Производството на „Kadjar“ ќе биде сконцентрирано во фабриката на „Renault“ во Шпанија. Продажбата на овој кросовер ќе стартуваат во почетокот на летото.