13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија ја отфрли идејата за олабавување на условите за Грција

Шпанија ја отфрли идејата за олабавување на условите за Грција

shpanija6

Шпанскиот министер за финансии, Кристобал Монторо, ја отфрли идејата за било каква „промена на условите“ на грчкиот финансиски пакет, наведувајќи дека и Шпанија почитувала слични мерки за штедење кои и ги наметнале меѓународните кредитори.

„Придружувањето кон Европа е доброволно и ние му припаѓаме на тој клуб под услови да ги почитуваме правилата на клубот, бидејќи тоа е во интерес на сите. Европа не е Европската комисија, ниту Европската централна банка. Ние сме Европа – односно државите кои ја сочинуваат – и ние сме единствените кои ги поставуваат правилата“, изјави Монторо на шпанската државна телевизија TVE, пренеусва агенцијата Франс прес.

Монторо и порача на Грција дека мора да ги почитува реформите и условите кои ги договорила со меѓународните кредитори, и додаде дека во услови на економски потешкотии на новите влади исклучително лесно им е да ја зграбат власта со ветување за зголемување на потрошувачката.

„Сите ние би сакале да владееме на тој начин. Но прашањето е од каде ќе дојдат тие пари? Од Грците? Од останатите Европејци? Кој ќе ги обезбеди тие пари? Тоа е вистинското прашање“, изјави тој.

Заслугите за враќањето на патеката на позитивниот економски раст по шестгодишната рецесија, владеачката конзервативна влада во Мадрид им ги препишува на програмите за штедење. Меѓутоа, и покрај закрепнувањето на економските активности, стапката на невработеност во Шпанија остана на високите 23,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП