10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕВН работи на отстрнување на дефектите предизвикани од невремето

ЕВН работи на отстрнување на дефектите предизвикани од невремето

struja problemi

Екипите на ЕВН Македонија непрекинато работат за целосно да ја оспособат дистрибутивната мрежа во реоните каде невремето, што викендов ја зафати земјава, предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија, информираат од компанијата

„Во регионот на Прилеп. Гостивар, Тетово, Велес, Кочани, Струга, Кичево, Дебар, Штип, Струмица и Охрид силниот ветер, влажниот снег и обилните дождови предизвикаа кинење на проводниците и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Екипите на ЕВН Македонија отстранија поголем дел од дефектите и денеска работат на санирање на дефектите во населените места кои се наоѓаат на повисоките планински предели и во поплавените подрачја“, велат од ЕВН Македонија.

Оттаму посочуваат дека се работи на отстранување на дефектите во неколку села во прилепскиот, штипскиот, кочанскиот, струшкиот, охридскиот, ресенскиот и кичевскиот регион.

„Во градот Кичево и околните населени места се нормализира снабдувањето со електрична енергија откако екипите на МЕПСО го отстранија дефектот на 110 киловолтниот далекувод Битола ­ Сопотница ­ Кичево. Екипите на ЕВН предходно ги оспособија 35 киловолтните врски од Македонски Брод и Осломеј, за градот да не остане без напојување подолг период. Екипите на ЕВН се на терен работат на отстранување помалите дефекти во околните кичевски села“, истакнуваат од ЕВН Македонија.

Дел од трафостаниците во поплавените подрачја, додаваат, се без напон за да не предизвикаат поголеми штети и несакани последици.

„Откако нивото на водата ќе се намали и ќе се создадат услови за интервенции ќе се работи на отстранување на дефектите. До тогаш корисниците ќе бидат поврзувани на алтернативни напојни точки“, нагласуваат од ЕВН Македонија и додаваат дека нивните екипи ќе останат на терен се додека не се воспостави нормално снабдување за сите корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП