15 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП: Исплатата на хонорарите не е поврзана со пресметките за придонеси

УЈП: Исплатата на хонорарите не е поврзана со пресметките за придонеси

denari isplata

Управата за јавни приходи денеска преку соопштение појасни дека роковите за исплата на хонорарите не се поврзани со роковите за поднесување пресметки за придонеси.

„Тоа значи дека исплатата на хонорарот треба да се извршува согласно роковите кои меѓусебно ги договориле фирмата­исплатувач и хонорарецот, а кои рокови се наведени во склучениот договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој се определува надоместокот за извршената работа“, се наведува во соопштението.

УЈП потсетува дека пресметките за придонеси се доставуваат најдоцна до 10­ти во месецот, а законскиот рок за уплата е 15­ти во месецот. Пресметките се доставуваат од страна на фирмите­исплатувачи на хонорарот или од страна на Фондот на ПИОМ.

Уплата на придонесите врши фирмата само во случај кога работникот има еден договор со кој остварува приход повисок од минималната плата, а кога работникот има повеќе договори, тогаш треба тој да ги достави договорите до Фондот на ПИОМ.

„Врз основа на договорите, Фондот на ПИОМ ја изготвува и доставува пресметката за придонесите до УЈП, а УЈП повратно до Фондот издава декларација за плаќање на придонесите. Понатаму, Фондот на ПИОМ ја доставува декларацијата до лицето­хонорарецот кој има обврска да ги уплати придонесите“, појаснува УЈП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП