17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарија ги укина девизните кредити

Унгарија ги укина девизните кредити

money-sitni

Во Унгарија од денес нема да постојат девизни кредити, па проблемите поврзани со нив ќе исчезнат од унгарскиот финансиски систем.

Ова го изјави министерот за национална економија, Михај Варга, на конференцијата за медиумите во Будимпешта, пренесува агенцијата Франс прес.

„Од 1 февруари започна претворањето на девизните кредити во кредити во форинти, со што официјално стапува на сила Законот за фер банкарски систем“, изјави Варга.

Тој изјави дека со „претворањето на девизните кредити во кредити во форинти Владата го штити населението, локалната самоуправа и државата каса од зголемување на долговите во износ од вкупно 1.000 милијарди форинти“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП