26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДа се укине надоместот за геотермалните води, бараат оранжериските производители

Да се укине надоместот за геотермалните води, бараат оранжериските производители

oranzeriski-proizvoditeli

Да се укинат надоместот за користење геотермални води (седум денари за метар кубен) и обврските за нивно реинјектирање назад, во изворот, откако ќе бидат употребени за загревање, бараат оранжериските производители.

Како што беше речено денеска на прес­конференција во Стопанската комора, остануваат и барањата за зголемување на субвенциите, решавање на проблемот со сопственоста на земјиштето, како и интервенирање за мазутот преку стоковните резерви бидејќи цената наовој енергенс изминативе години се зголеми преку 200 отсто.

Цената на геотермалните води кои се користат за загревање на стаклениците не треба да се пресметува како онаа на мазутот, а треба да се одвои и од цената на геотермалните води во лекувалиштата (бањите), туристичките и комуналните објекти, истакна Васко Ристовски од Стопанската комора.

Поради екстремното поскапување на мазутот, производната сезона е поместена, доцни, а тоа, рече, го пореметува пазарот зашто се јавува вишок. Затоа производителите предлагаат трошоците за мазутот да ги плаќаат во периодот април­мај, кога имаат прилив на средства од пласманот, а не на почетокот од годината, во декември ­ јануари, кога е екот на производството.

Сметаме дека во овој случај државата треба да излезе во пресрет, преку Бирото за стоковни резерви, со што ќе овозможи пролонгирање на плаќањето два до три месеци, напомена Ристовски.

Според него, субвенциите за оранжериското производство не се зголемени пропорциенално со поддршката за другите земјоделски гранки, додека нерешениот статус на објектите и сопственоста на земјиштето не дозволува користење кредити, средства од домашни или странски фондови за осовременување и модернизирање.

Ваквите проблеми со кои производителите се соочуваат повеќе години, ги намали површините под оранжерии за една третина или од 250 на 170 хектари, посочи Ристовски.

Одговорајќи на новинарски прашања, ифнормира дека поплавите во одредени подрачја што настанаа периодов поради обилните врнежи, засега не причинија штети. Колкави се загубите, пак, кај пластениците, допрва ќе се проценува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП