12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарците го држат франкот на минимум?

Швајцарците го држат франкот на минимум?

franci-frank

Народната банка на Швaјцарија очигледо по одлуката за укинување на фиксниот курс во однос на еврото, решила да го задржи минималниот курс во однос на еврото, кој ја чини државата.

Тоа го тврди виенскиот економски весник „Virtshaftsblat“, кој се повикува на пишувањето на швајцарскиот весник „Schweiz am Sonntag“, според кое неименуван извор од Народната банка на Швајцарија тврди дека станува збор за „коридор помеѓу 1,05 до 1,10 франци“.

Таа цел, која не е откриена во јавноста, ја чини Народната банка на Швајцарија до 10 милијарди франци.

Силниот франк негативно влијае на економијата на земјата, бидејќи го отежнува работењето на швајцарските компании на светскиот пазар, а има последици и по туризмот, пренесуваат агенциите.

Народната банка на Швајцарија на средината на минатиот месец, сосема неочекувано, донесе одлука за укинување на фиксниот курс во однос на еврото, што доведе до значително зајакнување на швајцарската валута и проблеми кај граѓаните во целиот свет кои имаат кредити во франци.

Еврото во последно време успеа да закрепне и да порасне на околу 1,04 франци.

Потпретседателот на Народната банка на Швајцарија, Жен Пјер Дантин претходно изјави дека оваа институција е подготвена да интервенира на девизниот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП