3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцускиот министер тврди дека приоритет на новата грчка влада е „секој Грк...

Францускиот министер тврди дека приоритет на новата грчка влада е „секој Грк да плаќа данок“

grcija evro

По средбата со неговиот грчки колега Јанис Варуфакис, францускиот министер за финансии тврди дека приоритетот на новата грчка влада предводена од Алексис Ципрас е „секој Грк да плаќа данок“, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Тоа е главната тема во Грција. Грчкиот долг е долг кој им се должи на оние кои и дојдоа на помош на Грција и со тоа на секој европски даночен обврзник. Не оди во предвид да се пренесе товарот на грчкиот долг кон француските или германските даночни обврзници.

Потребно е да се врати тој долг на еден или друг начин, изјави утрово францускиот министер за финансии во интервјуто за радиото Еуроп 1.

Ние бараме, Европа и европските влади бараат од Грција да воспостави ефикасна даночна администрација, за да секој во Грција си го плаќа данокот, нагласи Сапан.

Тој притоа се надева дека новата рата од седум милијарди евра помош која ЕУ треба да и ја даде на Грција во јуни, ќе послужи за да се направат реформи и да им се помогне на грчките претпријатија да бидат покомпетитивни.

Ние сме подготвени да ја придружиме земјата во дијалогот со сите, и посебно со Германија, Варуфакис изрази желба да се сретне со со неговиот германски колега Волфганг Шојбле, додаде Сапан.

Вчера Варуфакис престојуваше во Париз во рамки на неговата европска турнеја за да најде поддршка за олеснување на грчкиот долг.

По средбата со Сапан, двајцата министри изразија увереност дека Грција „ќе ги надмине своите тешкотии“. Од своја Страна Сапан инсистираше на тоа дека „Грција треба да ги донесе потребните реформи и да воспостави дијалог со партнерските институции како ЕЦБ, ММФ, ЕУ.

ЕК и Еврогрупата. Париз притоа уште еднаш го нагласи ставот кој го дели и Берлин дека не доаѓа предвид да се поништи грчкиот долг.

Варуфакис не навлезе во детали за идните финансиски рокови на Грција, но ја истакна желбата да се најде глобален договор за финансиската ситуација на Грција до крајот на мај.

Тој притоа побара да добие на време, до крајот на февруари, за да може да ги објасни позициите на новата грча влада на своите партнери.

Францускиот премиер веќе изрази подготвеност Франција да и помогне на Грција да ги почитува нејзините обврски и да ја охрабри да остане во евро зоната. Во среда претседателот Франсоа Оланд ќе го прими новиот грчки премиер Алексис Ципрас.

Инаку Новата грчката влада веќе ја избра француско американската банка „Лазард“, за да ја советува околу долгот, која веќе побара преку медиумите отпишување на 100 милијарди евра од грчкиот долг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП