28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе нормализира снабдувањето со електрична енергија во Кичево

Се нормализира снабдувањето со електрична енергија во Кичево

Energy333

Корисниците од центарот на градот Кичево и од поголемиот дел од градот се префрлени на 35 киловолтна мрежа на ЕВН и добија напојување со електрична енергија. Во прекин беа 110­киловолтните далекуводи на МЕПСО, па затоа градот Кичево и околните населени места беа без напојување.

Портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачевски изјави дека екипи на ЕВН Македонија и на МЕПСО заеднички бараа решение за да може да се напојува градот Кичево од друга напојна точка. Се прават уште обиди да се префрлат и околните населени места и околните села околу Кичево на мрежата на ЕВН за да може да се снабдува непречено со електрична енергија овој регион се додека не бидат отстранети дефектите на 110­киловолтните далекуводи на МЕПСО.

„Постојано сме во координација со локалната самоуправа и со сите други релевантни фактори кои треба да помогнат во изнаоѓање на решението да се надмине проблемот со снабдување со електрична енергија во Кичево кој настана од големото невреме и од тешкиот снег кои искинаа многу проводници“, рече Ковачевски и додаде дека екипите на ЕВН Македонија и понатаму работат и ќе бидат постојано на терен за помалите дефекти кои евентуално може да се јават во централното градско подрачје.

Вчера во Кичево беа вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и членот на УО на ЕВН Македонија Игор Гиевски, како и директорот на МЕПСО Синиша Спасов со цел да може да се најде најдоброто можно решение градот да добие напојување со електрична енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП