
Македонија во јануари годинава извезла производи во вкупната вредност 305.638.000 американски долари, а увезла стока вредна 497.227.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61,5 проценти. Трговскиот дефицит изнесува 191.589.000 долари. Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот, пак, најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија.

