2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota се враќа во светскиот рели шампионат (фото+видео)

Toyota се враќа во светскиот рели шампионат (фото+видео)

reli tojota

Најголемиот производител на автомобили во светот „Toyota“ официјално најави враќање во светскиот рели-шампионат (WRC) во 2017-та година. Компанијата ќе учествува во трката со специјална верзија на „Yaris“, која ќе се бори за титулата со автомобилите на „Volkswagen“, „Citroen“ и „Hyundai“.

Машината (на фотографијата десно) ќе биде подготвена од тркачкиот оддел „Toyota Motorsport Gmbh“ и нејзината поделба во Келн (Германија). Ова возило ќе биде опремено со 1.6-литарски турбо-мотор, ќе развива 300 кѕ и 420 Nm вртежен момент. Моторот работи во комбинација со 6-брзински секвенцијален менувач, произведен од компанијата „ZF“.

reli tojota1

Производителот засега не открива со кои пилоти ќе настапува по враќањето во „WRC“. Но веќе е познато кои ќе ја тестираат оваа верзија. Тоа се Стефан Саразин – фабрички пилот на „Toyota“ во сериите за издржливост, Себастијан Линдхолм – повеќекратен шампион во релито на Финска и францускиот возач Ерик Камили. Тројцата ќе стартуваат со тестирањата уште оваа година.

reli tojota2

Тимот на „Toyota“ во „WRC“ има богато минато. Компанијата учествуваше во светскиот шампионат во периодот 1973-1999 година, а пропушти само две сезони – 1996-та и 1997-та година. Екипата заработи вкупно 43 победи, 3 титули кај тимовите и 4 кај пилотите. Две од нив се за Каплос Сајнц (Шпанија), а по една заработија Дидие Орион (Франција) и Јуха Канкунен (Финска).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП