3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветот под закана од глобална дефлација

Светот под закана од глобална дефлација

world-economy-inflacij-deflacija

Се поголем е ризикот од глобална дефлација по стагнирањето на огромниот производствен сектор во Кина.

Економските портали ја пренесуваат оценката на Дејвид Хинсли, економист на банката „JP Morgan“, дека падот на цените на производите е предизвикан од се поголемите залихи и недоволната побарувачка која ја бележат ЕУ, Јапонија, Јужна Кореја и Кина.

Цените во еврозоната се намалени за 0,6 проценти, додека деловната активност во САД силно порасна.

Индексот кој ја мери деловната активност во производството и услугите покажува стагнација во Кина, особено кога станува збор за големите фабрики, кај кои е забележано првото забавување на производството во последните триесет месеци.

Откако трговијата на мало во Германија во ноември минатата година оствари пад од еден процент, декември донесе неочекуван реален раст од четири проценти во однос на истиот месец во 2013 година.

Податоците за движењето на производните цени во Франција потврдуваат зајакнување на дефлациските притисоци, така што просечната годишна стапка на падот е намалена од 1,9 проценти во ноември на -2,9 проценти во декември 2014 година, наведуваат аналитичарите.

Стапката на невработеност во еврозоната се намали во декември на 11,4 проценти, иако предвидувањата беа на нивото од претходниот месец (11,5 проценти).

Првите проценки за движењето на инфлацијата за јануари го потврдуваат зајакнувањето на дезинфлационите притисоци во еврозоната.

По годишниот пад од 0,2 проценти во декември, индексот на потрошувачките цени во јануари забележа, според првите проценки, пад од 0,6 проценти.

Истовремено, во последниот квартал од 2014 година реалниот годишен раст на БДП во САД, изнесуваше плус 2,6 проценти – значително под очекуваните 3,1 проценти.

Умерената инфлација, која сериозно го погодува економскиот раст, е отсутна во се поголем дел од светот – наведуваат експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП