6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНеколку возила произведени во Африка (фото)

Неколку возила произведени во Африка (фото)

afrika koli nas2322

За 2014-та година се проценуваше дека во Африка ќе се продадат 2 милиони нови автомобили, а големите брендови „Toyota“, „Tata Motors“ и „General Motors“ ја разгледуваат можноста за раст на пазарот на „црниот“ континент.

Во моментов во Африка има околу 21.6 милиони автомобили, според податоците на „Zawya“, а населението на континентот е околу 1.2 милијарди лица. Тоа значи дека на овој пазар има голема можност за раст, пишува „Forbes“.

Освен светските производители, а Африка има и сопствени брендови:

„Kiira Motors Corporation“, Уганда.

afrika koli11111

Електричниот автомобил „Kiira EV SMACK“ кој првично беше развиен од страна на студентите на универзитетот Макерере (Уганда). Тој е усогласен со локалниот терен и цената е прилагодена за локалното население. Тој има 5 места и е хибрид. Универзитетскиот проект ќе стане масовно произведен автомобил, а првиот ќе се појави на пазарот во 2018-та година.

„Innoson Vehicle Manufacturing Company“, Нигерија.

afrika koli nov

До сега компанијата има правено автобуси и камиони, но веќе е подготвена за автомобили:

„Kantanka Automobile Company“, Гана.

Kantanka-Ghana1111

Компанијата е основана од Сафо Кантанка. Возилата (претежно SUV и пикап) се составуваат во фабриката во Гомоа Мпота. Слоганот на новите модели е „автомобили произведени во Афрка за Африканци“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП