Руската влада предвидува пад на БДП за три проценти и инфлација од 12 проценти во 2015 година, како последица од падот на цените на нафтата и западните санкции кон Русија поради украинската криза.
Одливот на капитал, кој во 2014 година достигна рекорен број од 150 милијарди долари, ова година би требало да биде околу 115 милијарди долари, изјави министерот за финансии Алексеј Уљукајев.
Новите економски предвидувања се базирани на цената од 50 долари за барел нафта и би требало да се употребат за ажурирање на новата верзија на буџетот како и за неодамнешниот пад на рубљата.
Инфлацијата, поттикната од колапсот на рубљата и санкциите, би требало да изнесува 12 проценти во 2015 година. Инфлацијата за јануари изнесува 13,1 проценти поради растот на потрошувачките цени.