18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетските приходи на Кина пораснаа за 8,6 проценти

Буџетските приходи на Кина пораснаа за 8,6 проценти

kina12

Буџетските приходи на Кина во минатата година достигнаа 14,035 милијарди јуани (2,240 милијарди долари), што е за 8,6 проценти повеќе отколку во 2013 година.

Во документот објавен од Министерството за финансии на Кина се наведува дека темпото на раст на приходите е забавено за 1,6 проценти во однос на 2013 година, пренесува Тас.

Приходите на централниот буџет минатата година се зголемени за 7,1 проценти, на 6,449 милијарди јуани (1.030 милијарди долари), а уплатите во локалните буџети изнесувале 7,586 милијарди јуани (1.210 милијарди долари) и се поголеми за 9,9 проценти отколку во 2013 година.

Претходно Државната управа за статистика на Кина објави дека бруто домашниот производ на Кина во 2014 година изнесувал 63.650 милијарди јуани (10,400 милијарди долари), со што го надмина индикаторот за 2013 година, 7,4 проценти.

И покрај зачувувањето на позитивната динамика, индикаторот за раст е најмал во последните 24 години, покажува статистиката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП