19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗаработете 60.000 евра за шест месеци

Заработете 60.000 евра за шест месеци

jobs2

Австралиската туристичка индустрија започна голема популарна кампања наречена „Најдобрата работа во светот“.

Овој пат понудени се шест најдобри работни места

Со овие работни места можете да заработите 78,000 австралиски долари, односно околу 60,000 евра.

Конкурсот е отворен за младите патници на возраст од 18 до 30 години од целиот свет, а особено од меѓународниот пазар кој е прифатлив за добивање на австралиска тиристичка виза, како што се Велика Британија, САД, Франција, Хонг Конг, Тајван, Јужна Кореја и Јапонија.

Листата на работи од соништата кои ви се нудат:

Позицијата „Главен шегаџија во Нов Јужен Велс“ ви овозможува да станете ВИП Сиднеј и да присуствувате на сите значајни фестивали и настани и сето тоа да го објавувате на Твитер.

„Господар на вкусот“, личност која ќе јаде во најдобрите, ресторани, ќе пие во најдобрите винарии, пивари и пабови, додека најтешката работа ќе му биде да ја открие најдобрата страна на туристичката работа.

Тука е и позицијата „Парк ренџер во Квинсленд“, „Лајфстајл фотограф во Викторија“ и „Домар во дивината во Јужна Австралија“.

Сите понудени работни позиции се со цел да се соберат повеќе информации во областа на туризмот, неговите негативни и позитивни страни, начинот на кој комуницираат туристите, начинот на кој се забавуваат, дали посетуваат опасни предели, дивини, дали се дружељубиви и дали повторно би ја посетиле земјата.

Ова ви е одлична можност да заработите одлични пари!

Пријавете се на следниот линк: www.australia.com/best-jobs.aspx

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП